Енергетика

Речиси 300 милиони денари наплатени од концесиски надоместоци во вториот квартал

24.08.2026 20:21

Во вториот квартал годинава се наплатени 299.461.897 денари, наспроти 293.330.528 денари во истиот период во 2025 година. Во вториот квартал од 2024 година биле наплатени 136.204.491 денар.

Речиси 300 милиони денари се наплатени по основ на концесиски надоместоци за експлоатација на минерални суровини во вториот квартал од 2026 година, соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Наплатата е зголемена во однос на истиот период лани, а во споредба со 2024 година е повеќе од двојно повисока.

Во вториот квартал годинава се наплатени 299.461.897 денари, наспроти 293.330.528 денари во истиот период во 2025 година. Во вториот квартал од 2024 година биле наплатени 136.204.491 денар.

Во првата половина од 2026 година, вкупната наплата на концесиски надоместоци достигнала 573.918.284 денари. За споредба, во истиот период во 2025 година биле наплатени 568.220.573 денари, а во 2024 година 259.483.981 денари.

Од Министерството посочуваат дека растот е поврзан со унапредувањето на системот на концесиски надоместоци, зголемувањето на надоместокот и засилениот надзор врз обврските на концесионерите.

Најавуваат продолжување на редовните контроли и инспекциски надзори со цел доследно почитување на концесиските договори, навремена наплата и заштита на јавниот интерес при користењето на минералните суровини.