Сончево и топло, во вечерните часови наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

25.08.2026 07:19

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени.

Времето денеска претпладне ќе биде сончево и топло, а попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени.

Утре времето претпладне ќе биде сончево и топло, а попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност, во вечерните часови во делови во котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.