Блиски Исток

Вашингтон најавува економска офанзива против Иран - санкции и за земјите што ќе му помагаат на Техеран

25.08.2026 08:34

Секретарот за финансии Скот Бесент најави офанзива за економска изолација на Иран и предупреди дека оние што ќе му помагаат да ги заобиколува санкциите ќе се соочат со американски мерки.

САД се закануваат со санкции за земјите што нема да ги прекинат економските врски со Техеран. Секретарот за финансии Скот Бесент најави офанзива за економска изолација на Иран и предупреди дека оние што ќе му помагаат да ги заобиколува санкциите ќе се соочат со американски мерки.

„Започнуваме економска офанзива против финансиските врски на Иран ширум светот. Нашата цел е да ја прекинеме секоја економска линија на живот што го одржува овој режим“, изјави Скот Бесент, секретар за финансии на САД.

Техеран ги отфрла заканите.

„Тие сакаат да извршат економски терористички напад против нас. И ние имаме свои алатки. Овој пат не треба да мислат дека ќе останеме само во дефанзива. Треба да очекуваат и напад од наша страна“, изјави министерот за економски прашања и финансии на Иран, Али Маданизаде.

Во меѓувреме, Вашингтон не ја исклучува ниту воената опција во Ормускиот Теснец.