Судски совет
Денеска седница на Судски совет
25.08.2026 09:34
Судскиот совет денеска ќе ја одржи 552. седница, на која членовите ќе разгледуваат повеќе точки поврзани со работата на судиите и судовите.

Судскиот совет денеска ќе ја одржи 552. седница, на која членовите ќе разгледуваат повеќе точки поврзани со работата на судиите и судовите.
На дневен ред се извештај за повторување на постапка по пресуда на Европскиот суд за човекови права, како и формирање комисии на известители по барања за поведување постапка за утврдување одговорност на судија или претседател на суд.
Советот ќе расправа и за избор и разрешување на судии поротници, како и за известувања за утврдена фактичка состојба.
