Европските сојузници ја потврдија поддршката за Киев - Зеленски бара капацитет за удари со долг дострел
Претседателот на Европскиот совет Кошта порача дека Брисел ќе продолжат со финансиска, воена и политичка помош, како и со притисокот врз Москва.

Украина и нејзините европски сојузници ја потврдија заедничката поддршка за Киев за време на одбележувањето на 35-годишнината од независноста. На состанокот на „Коалицијата на подготвените“ во Киев, Зеленски порача дека Украина мора да има капацитет да одговори на руските напади со долг дострел.
„Треба да бидеме конкурентни со бројот на длабоки удари“, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
Финска оцени дека украинските напади врз руските логистички центри се оправдана воена стратегија и можат да придонесат за создавање услови за мировни преговори.
„Погодувањето на логистичките центри е разумна воена стратегија од Украина. Ова е единствениот начин да влеземе во мировните преговори и на масата за преговори“, изјави претседателот на Финска, Александер Стуб.
Претседателот на Европскиот совет Кошта порача дека Брисел ќе продолжат со финансиска, воена и политичка помош, како и со притисокот врз Москва. Додека поддршка дадоa и Британија и Германија..
