Ескалира трговската војна меѓу САД и Канада - Трамп се закани со нови царини, Отава возвраќа со контрамерки
Ескалира трговската војна меѓу САД и Канада. Вашингтон се заканува со нови царини, а Отава возвраќа со контрамерки за американските производи.

Трговската војна меѓу САД и Канада ескалира. Само неколку дена откако стапија во сила американските царини од 50% на околу 20 илјади канадски производи, Трамп ја обвини Канада за прекинот на разговорите и се закани со нови 50 постотни царини од 1 јануари за канадската автомобилска индустрија.
Канаѓаните дојдоа кај нас пред околу еден месец и рекоа дека сакаат да преговараат. Ние се согласивме, но преговорите не дадоа резултат. Тие одлучија да ги прекинат преговорите. Во меѓувреме, само продолжуваме со нашата трговска политика“, изјави трговскиот претставник на САД, Џејмисон Грир.
Отава возвраќа со контра мерки- од 8 септември воведува одмазднички царини за Вашингтон.
„Не можевме да го прифатиме она што САД го понудија, ниту да го дадеме она што тие го бараа. Целта на нашите трговски преговори отсекогаш била да постигнеме најдобар договор за Канаѓаните, а не договор по секоја цена. Ќе се вратиме на преговарачката маса кога САД ќе заземат правилен став кон канадските индустрии“, изјави канадскиот премиер, Марк Карни.
Карни најави целни царини за американските производи од погодените сектори, вклучително челик, млечни производи, апарати за домаќинство, земјоделска опрема, хартија и електроника.
