Струмица

Струмичките земјоделци на нов протест поради падот на откупната цена на „ајварката“

25.08.2026 10:48

Струмичките земјоделци на нов протест, незадоволни од како што велат, непочитување на договореното, откупната цена на пиперката „ајварка“ да биде 30 денари.

Струмичките земјоделци на нов протест, незадоволни од како што велат, непочитување на договореното, откупната цена на пиперката „ајварка“ да биде 30 денари. Според „Месното здружение млади-Муртино“, цената повторно паднала на 25 денари за килограм.

Пред две недели производителите на „ајварката“ од струмичко неколку пати протестираа, блокирајќи важни крстосници, но и во Струмица пред подрачната единица на Министерството за земјоделство. Министерот Борче Серафимовски, кој посредуваше со откупувачите и трговците, соопшти дека цената ќе биде повисока за пет денари.

По спроведените контроли, од Државниот инспекторат за земјоделство соопштија дека пиперката се откупува според договореното, 30 денари за прва и втора и за индустриска класа.