Избор на спортист на град Скопје

Поп Ацев исплива до врвот

24.12.2013 15:04

Традиционално, на крајот на календарската година , градот Скопје и Сојузот на спортови на метрополата на пригодна свеченост ги избра најуспешните спортисти, екипи  и спортски работници. Лауреат за годината што останува зад нас е пливачот –маратонец  Евгениј Поп Ацев кој најуспешната сезона во кариерата ја заврши на второто место на светската ранг листа. Зад него се пласираа кик-боксерот Александар Стојковски и нашите ракометни репрезентативци Дејан Манасков и  Стојанче Стоилов.

Пласманот меѓу најдобрите 8 во лигата на шампионите и двојната круна во македонскиот ракомет на ЖРК Вардар му го донесе признанието најдобра екипа , следствено Индира Кастратовиќ  е најуспешен тренер, каратистот Виктор Крстевски е најдобриот млад спортист на метрополата, а Димче Михајловски беше најуспешниот меѓу лицата со посебни потреби.

За особени достигнувања признание доби колегата Владимир Аницинов кој од светското првенство за новинари во Словачка се врати со два бронзени медала.