Хомеопатија - лекот на новото време
Предност на хомеопатските е што се безопасни, не ја намалуваат работната способност и концентрација. Деновиве во земјава се разменуваа искуства...

Напнатост, страв, депресија –брзиот начин на живот прави луѓето се почесто да се соочуваат со овие негативни емоции. Хомеопатијата е лекот на новото време, велат докторите кои ја применуваат. Велат дека обичните лекови само ги потиснуваат чуствата, а по подолг период штетно влијаат врз организмот. Предност на хомеопатските е што се безопасни, не ја намалуваат работната способност и концентрација. Деновиве во земјава се разменуваа искуства. За десет години доктор Димитров од Софија со оваа терапија излекувал 432 пациенти, каде успешноста е дури 73 проценти. Ја користи и кај наркозависници.
„Целата терапија трае шест месеци, за разлика од сите останати што траат по 3-4 години. Најважно е тука што самиот човек се справува во средината во која живее, не да се лекува изолиран надвор од таа средина. Тоа всушност е причината за успехот тие да останат во средината која што ги тера да земат дрога, а да не посегнат“, изјави д-р Ивајло Димитров, психијатар, психотерапевт, хомеопат.
Во Македонија се изготвува закон за хомеопатија.Претседателката на македонското хомеопатско здружение вели дека голем број граѓани ја бараат оваа терапија.
„Се прави голема заштеда во буџетот на здравствената каса, каде се заштедува што не се издаваат антибиотици, хомеопатската терапија воопшто не е скапа, а кога ќе биде воведена во нашиот здравствен систем ќе се добијат одлични резултати“, вели д-р Биљана Ристова, претседател на македонското медицинско хомеопатско здружение.
Оваа метода Ристова ја применува 4 години. Посакува законот да се донесе што побрзо за да може повеќе нејзини колеги да ја применуваат хомеопатијата во нивните ординации.
Андријана Атанасовска
