хаити

Над 40 загинати во напад на вооружени банди во Хаити

25.08.2026 12:23

Над 40 луѓе се убиени, а повеќе од 20 се ранети во напад на вооружени банди врз Кенскоф, во близина на главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс. Се стравува дека бројот на жртвите може да биде поголем поради исчезнатите лица.

Повеќе од 40 луѓе се убиени, а над 20 се ранети во напад на вооружени банди врз Кенскоф, во ридовите над главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс. Се стравува дека конечниот број на жртви може да биде поголем бидејќи има и исчезнати лица. Жителите бараат одговорност од властите, обвинувајќи ги дека не успеала да ги заштитат луѓето, иако нападот се случил во близина на полициска станица.

Владата најави испраќање засилувања за враќање на безбедноста во областа. Хаити со години е погоден од насилство на вооружени банди кои контролираат голем дел од главниот град во кои се убиени стотици луѓе, а илјадници се принудени да ги напуштат домовите.

„Со свои очи видов меѓу 45 и 50 мртви, несметајќи ги оние што ги одвлекоа со себе и оние кои сè уште се водат како исчезнати. Загинатите беа млади луѓе, иднината на оваа земја. Нивните родители многу се трудеа да ги школуваат. Загинаа поради премиерот Фис-Аиме и инспекторот Каде“, изјави жител на Кенскоф.

„Земјоделците повеќе не можат да издржат. Ним им треба само безбедност. Во оваа трагедија загубив осум блиски роднини. Централната власт мора да го реши проблемот“, изјави жител на Кенскоф.

„Убиваа луѓе во близина на полициската станица, додека полицајците спиеја внатре. Инспекторот се забавуваше во Томасен, додека жителите на Кенскоф беа под напад. Го уништија Кенскоф. Народот бара Каде да си замине“, изјави жител на Кенскоф.