Шасивари – Ѓорѓиевски: Дијалог за реформите во правосудството
Министерот за правда Јетон Шасивари и претседателот на Адвокатската комора Лазо Ѓорѓиевски разговараа за актуелните состојби и реформските процеси во правосудството, со акцент на потребата од суштински дијалог за подобра правна сигурност и заштита на правата на граѓаните.

Министерот за правда Јетон Шасивари оствари работна средба со претседателот на Адвокатската комора на Република Северна Македонија, Лазо Ѓорѓиевски. На средбата биле разменети мислења за актуелните состојби и реформските процеси од значење за унапредување на правосудниот систем.
Од Министерството за правда посочуваат дека за успешна реформа е потребен отворен и суштински дијалог со сите правосудни професии и институции при креирањето на законските решенија.
Целта е, како што е наведено, да се обезбедат поголема правна сигурност и ефикасна заштита на правата на граѓаните.
Соработката меѓу Министерството за правда и Адвокатската комора ќе продолжи и во иднина, со цел создавање модерен, ефикасен и професионален правосуден систем усогласен со европските стандарди.
