Тенис

Федерер: Ѓоковиќ секогаш има шанса за трофејот на УС Опен

25.08.2026 10:44

Легендарниот швајцарски тенисер Роџер Федерер верува дека Новак Ѓоковиќ има шанси да го освои УС Опен 2026, без оглед на неговото место на АТП листата и конкуренцијата на турнирот.

Дваесеткратниот Гренд слем шампион Роџер Федерер смета дека Новак Ѓоковиќ секогаш има шанса за освојување на трофејот, кога настапува на голем турнир.

Мислам дека секогаш кога Новак игра на турнир, без разлика дали е Гренд слем или било кој друг, тој има шанса. Имам огромна почит кон него. Видов што е способен, не само еднаш, туку многу пати. Тој го направил тоа насекаде и на највисоко ниво. Секогаш мислам дека сè додека е на турнирот, има шанса, изјави Федерер за „Punto de Break“.

УС Опен 2026 ќе се одржи од 30 август до 13 септември.

Ѓоковиќ моментално е петтопласиран на АТП ранг-листата, а на последниот Гренд слем во сезоната ќе биде четврти носител.

Титулата ја брани Шпанецот Карлос Алкараз, кој го освои турнирот минатата година.