ВМРО-ДПМНЕ: Наспроти црните сценарија на СДС, цените на горивата се најниски во регионот, инфлацијата падна на 2,3 насто
Според владејачката партија, додека тие зборуваат дека цените ќе се зголемат, реалноста е сосема поинаква и тоа го потврдуваат сите надлежни институции и цените во маркетите.

Наспроти најавите и црните сценарија на СДС, цените на горивата се најниски во регионот, инфлацијата падна на 2,3 насто, јавниот и државниот долг се намалуваат, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.
Според владејачката партија, додека тие зборуваат дека цените ќе се зголемат, реалноста е сосема поинаква и тоа го потврдуваат сите надлежни институции и цените во маркетите. Во однос на цените на горивата, ги потсетуваме СДС дека тоа се берзански производи, но и покрај тоа, благодарение на мерките преземени од владата, Македонија останува со најниски цени во регионот. Ако СДС и Тренчевска имаат забелешки во однос на цените и откупот на пиперката, им порачуваме да се обратат до кланот Заев, кои ја имаат најголемата фабрика за производство на ајвар, стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
