Пожарот на Китка не стивнува со денови, Ангелов: „Постојано се потпалува“
Пожарот на Китка и натаму е активен, а огнената линија се шири на повеќе позиции. Екипите гаснат и од земја и од воздух, но пожарот повторно се разгорува. Од ДЗС велат дека постојат сомнежи за намерно потпалување, додека од „Македонски шуми“ ситуацијата ја опишуваат како „тероризам“.

Пожарот на Китка никако да стивне. Најкритичен е и активен повеќе денови. Пожарникари гаснат и од небо и од земја. Повторно се разгорува бидејќи некој постојано потпалува, а планината гори на повеќе позиции, вели првиот човек на ДЗС Ангелов. Во последното деноноќие се изгаснати 30 пожари на отворен простор. Сè уште активни се пожарите во општина Гостивар-село Трново и во Чашка над село Нежилово.
„Ова што ни се случува на китка е тероризам“ вели, заменик генералниот директор на ЈП „Македонски шуми“ Кире Михаилов, вели дека чадот кој надвисна над метрополата, за кој граѓани масовно пишуваа на социјални мрежи, бил делумно од Китка, но и од Бојане. Ветерот од југ го донел во овој правец. Најмногу осетија жителите на Липково, Арачиново и Илинден.
Граѓаните мора да бидат свесни дека и покрај забраната за движење во шуми, онаму каде што има ридско-планински села и луѓето имаат објекти, не може да им се одземе правото да се движат каде што живеат и истите добиваат соодветни дозволи, апелира Михаилов.
Александра Спировска
