Македонија

Мицкоски: Владата ќе продолжи да ги поддржува проектите и модернизацијата на УХМР

25.08.2026 15:06

Мицкоски оцени дека постигнатото во УХМР во изминатиот период е импресивно и ја истакна својата целосна поддршка за модернизацијата на институцијата, процедурите и техничките капацитети.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја посети Управата за хидрометеоролошки работи, каде се запозна со реализираните проекти и модернизацијата на институцијата. Тој порача дека Владата ќе продолжи да ја поддржува УХМР, со посебен фокус на обезбедување стручен кадар.

Мицкоски оцени дека постигнатото во УХМР во изминатиот период е импресивно и ја истакна својата целосна поддршка за модернизацијата на институцијата, процедурите и техничките капацитети.

Мојата поддршка е апсолутно тука неограничена, бидејќи нè инспирира работата на луѓе кои се мотивирани да создаваат и институциите кои ги раководат да ги модернизираат процедурите и техниките, рече Мицкоски.

Како еден од главните предизвици тој го посочи обезбедувањето стручен кадар, кој ќе може целосно да ја користи современата опрема и да обезбедува релевантни податоци потребни за креирање стратегии и политики.

Мицкоски му честиташе на директорот и вработените во УХМР, нагласувајќи дека успешното функционирање на институцијата е резултат на работата на целиот тим.

Ние како Влада ќе продолжиме, во рамките на можностите, да ги поддржуваме проектите и амбицијата на директорот и на раководството на самата институција, порача премиерот.