Зголемени трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување
Во второто тримесечје од 2026 година, во однос на истото тримесечје од претходната година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се зголемени за 3,3 проценти...

Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во вториот квартал годинава во однос на претходниот квартал се зголемени за 3,1 проценти, трошоците за материјали за 2,8 проценти, a трошоците за вработените за 3,8 проценти – објави денеска Државниот завод за статистика.
Во второто тримесечје од 2026 година, во однос на истото тримесечје од претходната година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се зголемени за 3,3 проценти, трошоците за материјали за 1,9 проценти, а трошоците за вработените за 6,2 проценти.
