Земјоделците од струмичко повторно на протест за откупните цени на ајварката
Земјоделците од струмичко повторно на протест за откупните цени на ајварката. Според нив договореното не се почитува. Министерот за земјоделство најави носи средби со преработувачите и откупувачите.

Струмичките земјоделци повторно излегоа на протест. Револтирани и гневни што договорените цени од пред десетина дена под медијаторство на министерот за земјоделство, Борче Серафимовски, на терен не се почитуваат. Место по договорената 30 денари, мешаната прва и втора класа се откупува за 20 денари.
На протестот дојде министерот за земјоделство, Борче Серафимовски, но и градоначалниците на општините од Струмичко. Ја дадоа поддршката на земјоделците. Министерот вети дека ќе бара системско решение за да не се манипулира со маката на земјоделците.
Годинава откупот стартуваше порано. За разлика од лани, цените се пониски за околу 20 отсто. И Државниот завод за статистика потврди дека цените се пониски во споредба со јули од минатата година.
Ване Трајков
