Лустрација: Поранешен ректор соработувал со тајните служби

29.09.2014 15:00

За уште 4-ца биле усвоени извештаите, но решенијата треба дополнително да се разгледаат по увидот во документацијата и во матичната евиденција...

Лустраторите утврдија дека поранешен Ректор, на еден од универзитетите во државава, кој е починат, соработувал со тајната полиција.

Лицето е починато и неговиото име нема да биде објавено. Станува збор за ректор на еден од универзитетите во Македонија кој во осумдесеттите години на службите им оддавал информации за еден докторант на Универзитетот чиј ректор бил, информираше членот на Комисијата Предраг Димитровски по завршувањето на седницата.

За уште 4-ца биле усвоени извештаите, но решенијата треба дополнително да се разгледаат по увидот во документацијата и во матичната евиденција.

Сите оддавале информации од идеолошко-политички причини.