Продолжува судењето

25.08.2026 15:02

Професорот Марковски, кој сведочеше во судот во Идризово, посочи дека објектот првично ги исполнувал безбедносните критериуми за лесна индустрија, но не и за дискотека.

Несоодветните материјали од кои бил изграден објектот придонеле пожарот во „Пулс“ да се прошири за брзо време, рече професорот Марковски пред судот одговарајќи на прашањата на одбраната.

Тој и тимот вештаци кои работеле на градежното и урбанистичко вештачење констатираа дека реалниот сопственик на објектот не може да се апстрахира од одговорност, бидејќи правел градежни зафати, поставил столбови и ја зацврстил платформата, а за тоа не побарал дозвола.

Кога објектот своевремено бил изграден, рече вештакот, тој ги задоволувал безбедносните критериуми, но само за намената која требало да ја врши – лесна и незагадувачка индустрија, но не и да биде дискотека.

Семејствата на жртвите сметаат дека одбраната намерно го пролонгира судењето, поставувајќи прашања кои се ирелевантни или претходно одговорени.

На обвинителна клупа за трагедијата во Кочани седнати се 34-ца. Им се суди за тешки дела против општата сигурност.

Анита Димитријевска – Велковска