Образование

Запишани 14.500 првачиња, во основното образование 200 паралелки помалку

25.08.2026 17:03

Досега се запишани 14.500 првачиња, а уписите продолжуваат и во август и септември. Намалениот број ученици донесе околу 200 паралелки помалку во основното и 100 во средното образование. Министерката Јаневска уверува дека нема да има отпуштања на наставници, а најави и затворање на 26 рурални училишта со мал број ученици...

Досега се запишани 14.500 првачиња но оваа бројка може да се зголемува бидејќи уписите продолжуваат во август и во септември.

Број ученици веќе довел до намалување на бројот на паралелки. Во основното образование има околу 200 паралелки помалку, а во средното околу 100 помалку. Министерката Јаневска уверува дека нема да има отпуштање на наставен кадар а каде што има недостиг ќе има и вработување. Ќе се затвораат и 26 рурални училишта, оние каде има мал број на ученици а на 2 и пол километри има централно училиште.

Секоја година се зголемува буџетот за научно истражувачка дејност рече министерката за образование. За научниците и истражувачите подготвен е е-портал. Истражувачите ќе можат да се поврзуваат меѓу себе и да воспоставуваат контакт со бизнис секторот.

Јаневска информираше и дека учебниците за новата учебна година се дистрибуирани до училиштата. Според неа, системот за пријавување и замена на оштетени учебници е подобрен, иако не исклучува по почетокот на наставата да има поединечни проблеми. Во однос на субвенционираниот студентски оброк, рече дека засега не се планира зголемување на износот, бидејќи до Министерството не стигнало такво барање од студентските организации.

Ана Јосифоска