УХМР
Попладне нестабилно со дожд и грмежи
26.08.2026 07:53
Сончево и топло време претпладне, а попладне наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Услови за дожд и грмежи ќе има и во делови од Скопската Котлина.

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од УХМР.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност, во попладневните часови во делови во котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
