Украина
Нови напади во Украина, директорот на ЦИА во ненајавена посета на Москва
26.08.2026 08:01
Продолжуваат меѓусебните напади меѓу Украина и Русија, додека мировните напори остануваат во застој. Во Москва, во меѓувреме, ненајавено престојувал директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, на средби со руски претставници.

Украинските сили пријавија нови напади врз руски цели, додека Москва возвраќа со удари врз украинската инфраструктура.
Во меѓувреме, директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, бил во Москва на ненајавени средби со руски претставници, во време на застој во мировните напори за Украина.
Според Кремљ, посетата била поврзана со „контакти меѓу разузнавачките агенции“.
