Земјоделство: Планирани субвенции во висина од 140 милиони евра

29.09.2014 15:08

За годинава во буџетот за земјоделство се планирани субвенции во висина од 140 милиони евра. Досега биле поднесени 74 илјади барања, а дел од средствата веќе им се исплатени на земјоделците.

За годинава во буџетот за земјоделство се планирани субвенции во висина од 140 милиони евра. Досега биле поднесени 74 илјади барања, а дел од средствата веќе им се исплатени на земјоделците.

„Министерството успешно го заврши аплицирањето за субвенции каде што беа поднесени 74 илјади барања, а дел од нив веќе се исплатени. Од оваа година земјоделците ги добиваат субвенциите по однапред дефиниран „Календар за субвениции“, со кој точно е определена динамиката на аплицирање и на исплата на субвенциите која е усогласена според потребите на земјоделците. Досега според овој Календар се исплатени тутунарите, а во периодот септември-октомври следи исплатата за полјоделските култури“, истакна министерот за земјоделство, Михаил Цветков.

Во првите 100 дена од работењето на Владата, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, реализираше и започна голем број на проекти, информираше денес, ресорниот министер.