Нови тензии околу Ормускиот теснец, Трамп се заканува со уништување на бродови
Иран и Оман предлагаат привремена бродска рута и заедничко деминирање на Ормускиот теснец, додека Вашингтон го засилува притисокот врз Техеран. Трамп се закани дека секој брод што ќе поставува нови мини ќе биде уништен, а Катар повикува на дипломатско решение на кризата.

Иран и Оман предлагаат привремена бродска рута и заедничко деминирање на Ормускиот теснец, во обид да се обезбеди безбедна пловидба. Трамп, пак, тврди дека сите мини се отстранети и предупредува дека секој брод што ќе поставува нови ќе биде уништен.
„Иран е известен дека секој брод или чамец што ќе поставува нови мини ќе биде веднаш и систематски уништен“, објави американскиот претседател, Доналд Трамп.
Катар повикува на дипломатско решение за кризата и целосно отворање на теснецот.
„Ги повикуваме страните целосно да се вклучат во разговорите и медијацијата и сметаме дека тоа е единствениот излез од оваа криза“, изјави Маџид ал-Ансари, портпарол на Министерството за надворешни работи на Катар.
Во меѓувреме, американските санкции се засилуваат со цел економски да го изолираат Иран, додека во Техеран се создаваат долги редици пред бензинските пумпи поради недостиг на гориво.
