Канада

Ескалира трговската војна меѓу САД и Канада

26.08.2026 08:08

Растат трговските тензии меѓу Вашингтон и Отава. Канада најави контра-царини до 50 отсто за американски производи, додека Трамп се заканува со нови давачки за канадските автомобили. Американската администрација признава дека спорот ги загрижува земјоделците, но очекува поволен исход од преговорите.

Вашингтон признава дека трговската војна со Канада ги загрижува американските земјоделци, но администрацијата на Трамп очекува победа во преговорите, откако Канада најави воведување контра-царини до 50 насто за американска стока од 8 септември..

Ние сме обединети во нашиот одговор, обединети во нашата решителност и обединети во борбата за Канада“, изјави Франсоа-Филип Шампањ, министер за финансии на Канада.

Нема сомнение дека ова предизвикува загриженост, но јас го видов претседателот Трамп и претходно како носи тешки одлуки и потоа успева, особено во трговијата“, рече Брук Ролинс, секретарка за земјоделство на САД.

Трамп дополнително се закани со нови царини за канадските автомобили од 1 јануари и дури предложи Езерото Онтарио да биде преименувано во „Езеро Америка“, што предизвика остри реакции во Канада.