Шпанија
Силно невреме во Шпанија, улиците во Тарагона претворени во реки
26.08.2026 08:19
Пороен дожд, град и урагански ветер ја погодија Тарагона, предизвикувајќи поплави и хаос на улиците. Итните служби примиле над 700 повици, а невремето ги зафати и Балеарските Острови.

Силно невреме ја погоди Тарагона, со пороен дожд, град и урагански ветер.
Улиците за кратко време се претворија во реки, а итните служби примиле над 700 повици.
Водата носела автомобили и луѓе, додека силниот ветер корнел дрвја.
Невремето предизвика хаос и на Балеарите, каде е регистриран феноменот „рисага“ - нагло осцилирање на морското ниво.
