Скопје одбележува 10 години од канонизацијата на Света Мајка Тереза
На денешен ден во Скопје е родена Мајка Тереза, една од најпознатите хуманитарки во современата историја. По повод 10 години од нејзината канонизација, од денес до 5 септември во главниот град ќе се одржува манифестацијата „Денови на Света Мајка Тереза“.

На денешен ден во Скопје е родена Мајка Тереза, една од најпознатите хуманитарки во современата историја.
По повод 10 години од нејзината канонизација, од денес до 5 септември во Скопје ќе се одржува манифестацијата „Денови на Света Мајка Тереза“, со духовна, културна и хуманитарна програма.
Отворањето е закажано за вечерва кај Порта Македонија, каде што ќе се обрати монсињор д-р Киро Стојанов од Католичката црква во Скопје, а Љерка Тот Наумова ќе ги претстави најважните моменти од животот на светицата.
Манифестацијата ќе заврши в сабота, на 5 септември, со понтификална света литургија во катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје.
Со оваа манифестација Скопје, родниот град на Света Мајка Тереза, ќе ѝ оддаде почит за нејзиниот живот исполнет со милосрдие и љубов кон сиромашните.
Мајка Тереза почина во Калкута на 5 септември 1997 година, на 87-годишна возраст.
