Почнува изградбата на автопатот Скопје-Блаце, инвестиција од речиси 200 милиони евра
Со поставување камен-темелник, почнува изградбата на автопатот Скопје-Блаце, еден од најзначајните инфраструктурни проекти во земјава. Делница ќе биде долга 10 ипол километри, а според проектната документација ќе се гради во рок од четири години.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на поставувањето камен-темелник за автопатот Скопје-Блаце. Делницата од 10,5 километри ќе ја гради „Гранит“, а рокот за изградба е четири години.
Со поставување камен-темелник, почнува изградбата на автопатот Скопје-Блаце, еден од најзначајните инфраструктурни проекти во земјава. Делница ќе биде долга 10 ипол километри, а според проектната документација ќе се гради во рок од четири години. Новата траса ќе опфати изградба на пет тунели и девет мостови, што ја прави една од најкомплексните патни инвестиции во Македонија.
Договорот за реализација на проектот беше потпишан во јули меѓу Јавното претпријатие за државни патишта и Европската банка за обнова и развој, која обезбедува најголем дел од финансиските средства. Вкупната вредност на инвестицијата е речиси 200-те милиони евра, од кои 30,8 милиони се грант од Европската Унија, додека 167,6 милиони евра се кредит од ЕБОР.
Изградбата на автопатот треба да придонесе за побрзо, побезбедно и поефикасно патно поврзување меѓу Скопје и граничниот премин Блаце, но и за подобрување на транспортот и економската соработка меѓу Македонија и Косово.
