Свет

Најмалку 15 новороденчиња загинаа во пожар во болница во Пакистан

26.08.2026 09:40

Според болничките власти, пожарот избувнал по експлозија на компресор од климатизер...

Најмалку 15 новороденчиња загинаа во пожар во детското одделение на болница во Исламабад, јавуваат локалните медиуми. Во моментот на несреќата имало 16 бебиња, а само едно е спасено.

Според болничките власти, пожарот избувнал по експлозија на компресор од климатизер. Огнот е изгаснат, а пожарникарите ја ладат просторијата.