31 пожар на отворен простор во изминатото деноноќие – три активни, четири под контрола
Во општините Студеничани и Зелениково активен е пожарот кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, со крак кон Палиград и Вражале, каде гори мешана шума.

Три пожари на отворен простор и натаму се активни во земјава, додека четири се под контрола, информира Центарот за управување со кризи. Во изминатото деноноќие биле регистрирани вкупно 31 пожар, од кои 24 се целосно изгаснати.
Во општините Студеничани и Зелениково активен е пожарот кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, со крак кон Палиград и Вражале, каде гори мешана шума.
Активен е и пожарот во општините Гостивар и Македонски Брод, кај селото Трново кон селата Битово и Заград, како и пожарот во општина Чашка над селото Нежилово.
Под контрола се пожарите кај кумановското село Тајмиште, во општина Македонски Брод меѓу резерватот „Јасен“ и селото Брезница, на градската депонија „Мелци“ во Кавадарци и на депонијата во Делчево.
