Одбележување

Почнува манифестацијата „Денови на Света Мајка Тереза“

26.08.2026 12:29

Се одбележува 116 години од раѓањето на Мајка Тереза, една од најпознатите хуманитарки во современата историја и 10 години од нејзината канонизација. Од денес до 5-ти септември во Скопје ќе се одржи манифестацијата „Денови на Света Мајка Тереза“ со духовна, културна и хуманитарна програма. Мајка Тереза почина во Калкута на 5 септември 1997 година, на 87-годишна возраст.

Почнува чествувањето на скопјанката Мајка Тереза, една од најпознатите хуманитарки во современата историја по повод 116 години од нејзиното раѓање и 10 години од нејзиното прогласување за светица.

Гонџа Агнес Бојаџиу е родена на 26 август 1910 година на улица „Поп Кочина“ што се наоѓа на сегашниот плоштад Македонија во центарот на Скопје. Таа била најмалото дете во семејството, имала сестра Ага и брат Лазар. Таткото Никола Бојаџиу бил трговец и член на советот на Скопје како единствен католик, а нејзината мајка Драна била домаќинка и родум од Призрен.

Мајка Тереза почина во Калкута на 5 септември 1997 година, на 87-годишна возраст.

Во наредните 11 дена, манифестацијата „Денови на Мајка Тереза“ почна со положување на цвеќе пред спомен плочата на куќата каде што е родена мајка Тереза, со обраќање на владина делегација предводена од првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали, а потоа и од монсињор Киро Стојанов од католичката црква и претставување на најважните моменти од животот на светицата од страна на Љерка Тот Наумова.

Со оваа манифестација Скопје, родниот град на Света Мајка Тереза, ќе оддаде почит на нејзиниот живот, кој беше исполнет со милосрдие и љубов кон сиромашните.

Манифестацијата ќе заврши в сабота, 5-ти септември, со понтификална света литургија во катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје.

Ирина Гелевска