Здравство

Шест нови случаи на западнонилска треска во еден ден

26.08.2026 10:18

Петмина инфицирани се од Скопје, прв случај е потврден и во Куманово...

Шест нови случаи со западнонилска треска се регистрирани во Македонија за еден ден. Петмина инфицирани се од Скопје, од кои тројца од Гази Баба сите на возраст над 70 години, еден од Зелениково кој има 26 години и еден од Аеродром на возраст од 59 години.

Прв случај е потврден и во Куманово.

Според информации од кумановскиот Центар за јавно здравје, заболениот е маж на 65 години од приградско населено место и не патувал надвор од државата. Пациентот е хоспитализиран на Инфективната клиника.