Одбојка СП жени – Италија 2014

Без изненадувања на одбојкарскиот мундијал!

29.09.2014 15:41

Непријатни изненадувања нема, не е тоа ниту елиминацијата на тројниот светски и олимписки шампион Куба, затоа што веќе петнаесетина години не е во врвот, позитивната вибрација во првата фаза на женскиот одбојкарски мундијал во Италија ја донесе Доминиканската Република. Во претходните четири учества, Доминикана не била подобропласирана од 12-то место, а сега со Американките со Русија, Бразил и со Кина се репрезентациите без пораз, но нејзиниот хендикеп е во тоа што пренесува шест бода затоа што три од петте победи оствари со по 3:2.

Непријатни изненадувања нема, не е тоа ниту елиминацијата на тројниот светски и олимписки шампион Куба, затоа што веќе петнаесетина години не е во врвот, позитивната вибрација во првата фаза на женскиот одбојкарски мундијал во Италија ја донесе Доминиканската Република. Во претходните четири учества, Доминикана не била подобропласирана од 12-то место, а сега со Американките со Русија, Бразил и со Кина се репрезентациите без пораз, но нејзиниот хендикеп е во тоа што пренесува шест бода затоа што три од петте победи оствари со по 3:2. Во истата, новоформирана група Е, најдобрата позиција ја има Кина со осум бода, Италија ќе стартува со седум, Јапонија со пет и заедно со Домениканската Република тоа се селекциите коишто реално конкурираат за трите места што обезбедуваат четвртфинален круг.

И во конкуренцијата Ф, трката за влез во последната фаза по групи пред полуфиналето,  исто така е меѓу четири репрезентации. Соединетите Американски Држави се во најповолна ситација како единствени со максимални девет бода, Бразил има осум, Русија шест и Србија пет.

Поединечната статистика по 60-те одиграни натпревари е шаренолика со одбојкарки кои не се задолжително дел од фаворитските репрезентации. Најдобар поентер со 120 е Рахимова од Азербејџан, Бразилката Карваљо Жаке има најуспешна реализација на нападите од 52 процента, Тинг Жу од Кина и Варгас Валдез од Доминикана со по еден блок - поен во просек по сет се најкорисни во овој елемент, додека Јапонката Шинабе е единствената со над 50 проценти примени сервиси.

Треата фаза продолжува во среда со по два преноса дневно на МРТ собранискиот сервис во 17 и во 20 часот.