Кошарка

Лука Дончиќ ќе работи со Гешвинднер, тренерот кој е заслужен за претпознатливиот шут на Дирк Новицки

26.08.2026 10:53

Холгер Гешвинднер, долгогодишниот тренер, ментор и советник на Новицки, беше забележан на миникампот на Лејкерс во Љубљана. Германецот најпрво присуствувал на тимската вечера, а потоа од трибините го следел и тренингот во Стожице.

Лука Дончиќ ова лето очигледно не остава ништо на случајноста. Суперѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс започна со подготовките за новата сезона во родната Словенија, а на неговите тренинзи се појави и човекот кој има огромна заслуга за развојот на шутот на легендарниот Дирк Новицки.

Холгер Гешвинднер, долгогодишниот тренер, ментор и советник на Новицки, беше забележан на миникампот на Лејкерс во Љубљана. Германецот најпрво присуствувал на тимската вечера, а потоа од трибините го следел и тренингот во Стожице.

Неговото присуство веднаш го привлече вниманието на американските новинари. Познатиот НБА инсајдер Марк Стајн објави дека 80-годишниот Гешвинднер не бил само гостин, туку и започнал да работи со Лука Дончиќ на дополнително унапредување на неговата игра.

Најпознат е по повеќедецениската соработка со Дирк Новицки. Гешвинднер му бил тренер, ментор и советник на Новицки, а неговиот печат особено се гледа во шутот што со години беше заштитен знак на германската легенда.