МВР
Претрес во струмичко: Пронајдена марихуана и канабис, приведени две лица
26.08.2026 13:48
Две лица од струмичкото село Банско се лишени од слобода откако полицијата при претрес на дом и преглед на едно од лицата пронашла марихуана и стебло од канабис.

На 25 август во 17 часот, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода 21-годишниот Е.Н. и 29-годишниот Џ.М., двајцата од село Банско.
При претрес на домот на Е.Н., извршен со судска наредба, биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана и стебло од растението канабис.
Во исто време, при преглед на Џ.М., кој бил затекнат во домот, била пронајдена марихуана.
За случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосното документирање на настанот, полицијата најавува поднесување соодветна пријава.
