Пакистан

Пожар во акушерско одделение во Исламабад, 14 бебиња загинаа

26.08.2026 15:48

Трагедија во Пакистан. Најмалку 14 новороденчиња загинаа во пожар во акушерско одделение во Исламабад. Пожарот бил предизвикан од дефект на уред за климатизација во раните утрински часови. Родителите бараат одговорност. Премиерот нареди итна истрага, а формирана е и комисија која треба да утврди дали биле преземени сите безбедносни мерки.

Најмалку 14 новороденчиња загинаа во пожар во акушерско одделение во Исламабад. Спасено е само едно бебе од државната болница. Според властите, пожарот избувнал по експлозија на компресор од климатизер.

Смртта на децата предизвика тага низ целата земја.полицијата беше распоредена во болницата додека се собраа ожалостените родители и роднини. Бараа одговорност и одговори за тоа како започнал пожарот и дали болницата имала соодветна опрема за гаснење пожар.

„Имав син стар само три дена. Како можат да кажат дека сите деца изгореле, кога ниту едно од нив не било изгорено? Ни велат дека прво требало да ги спасуваат возрасните-и ги спасиле. Зошто ги спасувале? Тие можеле сами да излезат. Зошто прво не ги спасиле децата? Зошто одделението за деца било заклучено? Спасувачката екипа пристигна по два часа, а полицијата дури по четири часа-зошто? Што би направиле ако нивното дете беше убиено“, изјави Мухамед Сами – мајка која го загубила својот новороден син.

„Овој пожар е од човечки фактор-се е вина на луѓето“, изјави татко кој го загубил бебето.

Премиерот на Пакистан нареди итна истрага за дополнителните причини за пожарот и изрази сочувство до семејствата. Министер за здравство пак, како приоритет ја посочи поддршката за родителите и враќање на телата на бебињата.

Формирана е комисија која ќе процени дали биле преземени соодветни мерки за противпожарна безбедност и ќе изготви извештај во рок од 24 часа.

 

Катерина Бојаџиева