Собрание

Зелено светло за работата на ДКСК за 2025 година

26.08.2026 14:52

Годишниот извештај за работата на Антикорупциска пред членовите на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. Се разгледуваат и посебните извештаи на ДКСК за утврдените состојби во финансирањето на изборната кампања за избор на градоначалници и советници во општините, и за повторните избори за градоначалници.

Антикорупционерите добија зелено светло од Собранието за сработеното во 2025-та година. Но, не изостана критика од опозицијата за површност и без суштински сондажи дали некој закон е легло за корупција, што да се менува.

Пратеничката Мираковска побара поголема храброст за детектирање и борба со сите облици на ризици од корупција, судир на интереси или сомнителна имотна состојба.

Перцепцијата на првиот човек на комисијата е поинаква. Дури осум иницијативи за кривично гонење биле поднесени до Обвинителството, но тоа не презело ништо.

Пред пратениците се најдоа и финансиските извештаи во врска со локалните и повторените избори. Антикорупционерите оформиле 43 предмети во врска со пријавите за изборни нерегуларности за користење буџетски средства како возила, простории и вработувања. За еден случај поднесена е иницијатива за покренување кривична пријава до Обвинителството.

Претседателот на комисијата „Чучуљ“, побара измени во Изборниот законик за надминување на системските слабости за нивно постапување.

Фиљана Кока