Децата сè почесто мета на злоупотреба во дигиталниот свет
Едно од десет деца на возраст од 10 до 17 години било изложено на сексуална експлоатација и злоупотреба олеснета преку технологијата. Загрижува и податокот дека во 78 проценти од случаите сторителот му бил познат на детето, а само еден процент од случаите биле пријавени во полиција.

Едно од десет деца на возраст од 10 до 17 години биле изложени на сексуална експлоатација и злоупотреба олеснета преку технологијата. Загрижувачки е фактот што во 78 проценти од случаите сторителот бил лице познато на детето. И покрај високата стапка на откривање на злоупотребата, само 1 процент пријавиле во полиција.
Истражувањето покажало дека последиците кај децата се долготрајни и сериозни.
Неопходно е да се слушне гласот на експерти, да се применат препораките и да се усогласат институционалните одговори со реалните потреби на децата и на нивните семејства, став на Министерството за внатрешни работи.
Најчеста злоупотреба на деца олеснета преку технологијата и вештачката интелигенција вклучува несакани сексуални коментари на слики или видеа, барања за сексуална содржина во замена на пари како начин на присила.
Александра Спировска
