310 ученици ќе бидат примени во Средното полициско училиште
На конкурсот се пријавиле над 600 кандидати, а училиштето по 26 години повторно започнува со работа од 1 септември.

Сите кандидати кои успешно ги поминале селекциите и проверките ќе бидат примени во повторно воспоставеното Средно полициско училиште, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
На конкурсот се пријавиле над 600 кандидати, а училиштето по 26 години повторно започнува со работа од 1 септември.
Тошковски информираше дека првично бил предвиден прием на 200 ученици, но по обезбедувањето дополнителни финансиски средства Владата одлучила да ги прими сите 310 кандидати кои ги исполниле условите.
Министерот посочи и дека учениците кои успешно ќе го завршат образованието ќе бидат дел од системот на МВР, согласно договорот што го склучуваат со Министерството.
