Со 140 милиони евра ќе се субвенционира земјоделството и во 2015-та
74 илјади барања за субвенции стигнале на адреса на Министерството за земјоделство во изминатите 100 дена. Се почитуваат календарски дефинираните рокови за исплата, тврдат од Министерството...

Во октомври се очекува нов оглас за користење на европските пари од ИПАРД. Интерес има – тврдат од министерството за земјодлество. Се зголемува подршката, наместо до 400 илјади, земјоделските стопанства ќе може да добијат и до милион ипол евра. Инвестиции за набавка на трактори, опрема за лозови насади и заштита на берба.
„Целата европска помош изнесува 106 милиони евра, а во новата ИПАРД програма има мерки што обезбедуваат поволни услови, зголемен процент на кофинансирање, наместо 50- те проценти ќе има 60 проценти грант од Европските пари“, вели министерот за земјоделство, Михаил Цветков.
74 илјади барања за субвенции стигнале на адреса на Министерството за земјоделство во изминатите 100 дена. Се почитуваат календарски дефинираните рокови за исплата, тврдат од Министерството.
„Досега според овој Календар се исплатени тутунарите, а во периодот септември-октомври следи исплатата за полјоделските култури“, вели министерот Цветков.
Се инвестира и во руралниот развој, изградба на локални патишта, водоснабдителни и канализациони системи. По 20 милиони евра годишно од 2015- тата во следните пет години, се проектирани за зголемување на наводнуваните површини на долг рок за нови 25 илјади хектари, најави Цветков. Министерството покрива 70 насто од трошоците за спороведување на редовни агрохемиски анализи на земјиште и 60 проценти од вредноста на осугурителните полиси.
Во фаза е формирање новото водостопанство на Македонија. Се градат и нови откупно дистрибутивни центри за зеленчук и овошје. До крајот на 2014- тата Охридската цреша, овчото бело сирење и кашкавалот Бистра ќе бидат заштитетни земјоделски производи – во отчетот 100 дена од работењето, нагласи Цветков. Пари за субвении во касата има и за следната година.
140 милиони евра се проектирани за исплата на субвенции во 2015- тата.
Сузана Фиданска- Стоевска
