Мицкоски и Курти го означија почетокот на изградбата на автопатот Скопје-Блаце
Поставен камен-темелникот за изградба на автопатот Скопје-Блаце, проект вреден околу 200 милиони евра, кој треба да биде завршен за четири години. Премиерите Христијан Мицкоски и Албин Курти порачаа дека автопатот ќе го подобри поврзувањето меѓу Македонија и Косово и ќе ја унапреди трговската соработка.

Поставен камен темелникот за изградбата на автопатот Скопје-Блаце. Рокот, за завршување на овој проект, тежок 200 милиони евра, е четири години. Изградбата на автопатот беше еден од приоритетите на Владата уште на почетокот на мандатот, истакна македонскиот премиер Христијан Мицкоски. Додаде дека е целта е, на следните генерации, да им се остават што е можно повеќе капитални проекти.
Овој автопат не само што ќе придонесе за подобро поврзување меѓу Македонија и Косово, туку ќе ја унапреди и трговската соработка и ќе го забрза движењето на нашите граѓани, истакна косовскиот премиер Албин Курти.
Не застануваме овде, создаваме услови за наскоро на територијата на Македонија да се градат шест автопатски делници истовремено, што е историски момент, велат од македонската влада.
Марија Котовска
