Трагедија во Пакистан

Отворена истрага по пожарот во болница во Исламабад

26.08.2026 19:43

Трагедија во државна болница во Исламабад, Пакистан, каде во пожар на акушерското одделение загинаа најмалку 14 новороденчиња, а спасено е само едно бебе. Властите соопштија дека пожарот најверојатно избувнал по експлозија на компресор од климатизер.

Најмалку 14 новороденчиња загинаа во пожар во акушерско одделение во Исламабад. Спасено е само едно бебе од државната болница. Според властите, пожарот избувнал по експлозија на компресор од климатизер.

Загубивме 14 животи на новороденчиња. Она што го добив како информација од надлежните органи, се работи за експлозија. Имаше боци со кислород во одделението, па тоа предизвика брзо ширење на пожарот“, изјави Тарик Фазал Чаудари, министер за парламентарни прашања на Пакистан.

Смртта на децата предизвика тага низ целата земја. Полицијата беше распоредена во болницата додека се собираа ожалостените родители и роднини. Бараа одговорност и одговори за тоа како започнал пожарот и дали болницата имала соодветна опрема за гаснење пожар.

„Имав син стар само три дена. Како можат да кажат дека сите деца изгореле, кога ниту едно од нив не било изгорено? Ни велат дека прво требало да ги спасуваат возрасните- и ги спасиле. Зошто ги спасувале? Тие можеле сами да излезат. Зошто прво не ги спасиле децата? Зошто одделението за деца било заклучено? Спасувачката екипа пристигна по два часа, а полицијата дури по четири часа- зошто? Што би направиле ако нивното дете беше убиено“, рече Мухамед Сами, мајка која го загубила својот новороден син.

Премиерот на Пакистан нареди итна истрага за дополнителните причини за пожарот и изрази сочувство до семејствата. Министерот за здравство, пак, како приоритет ја посочи поддршката за родителите и враќање на телата на бебињата.

Формирана е комисија која ќе процени дали биле преземени соодветни мерки за противпожарна безбедност и ќе изготви извештај во рок од 24 часа.

 

Катерина Бојаџиева