Свет
Украински сили пријавија нови напади длабоко во Русија, Ратклиф тајно во Москва
26.08.2026 20:27
Москва возвраќа со удари врз украинската инфраструктура.

Украинските сили пријавија нови напади длабоко на руска територија, овојпат врз логистички центар во Тамбовската област. Експлозии и пожари се пријавени и во окупираните Луганск и Крим.
Москва возвраќа со удари врз украинската инфраструктура.
Во меѓувреме, директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, бил во Москва на ненајавени средби со руски претставници, во време на застој во мировните напори за Украина.
Според Кремљ, посетата била поврзана со „контакти меѓу разузнавачките агенции“.
