Дојран

„Фер туризам започнува со пријавен данок“ – УЈП со кампања во Дојран

26.08.2026 19:02

Сопствениците на студија, апартмани и викендички во Дојран да ги пријават остварените приходи во УЈП од издавање на туристи. Парите се реинвестираат за подобрување на инфраструктура кажаа надлежните на трибината „Фер туризам“ започнува со пријавен данок во Дојран.

Голем број издавачи на соби, апартмани и викендички од Дојран беа присутни на интерактивната работилница во рамките на кампањата „Фер туризам започнува со пријавен данок“. Се интересираа на начинот и условите, но и висината на данокот на доход што треба да го платат во УЈП. Управникот на Регионалната дирекција во Струмица Александар Николов вели дека кампањата предизвика интерес кај даночните обврзници.

Првиот човек на Дојран, Илија Тентов, кажа дека со плаќањето на даноци пари повторно се враќаат во заедницата. Во туристичкиот регистар евидентирани се околу 200 лица кои издаваат сместувачки единици и со плаќањето такси и даноци парите се реинвестираат во инфраструктура.

Лицата што издаваат соби, апартмани, а не пријавуваат приходи за пресметка на данок на доход може да се соочат со казни и до 250 евра од страна на УЈП.

Ване Трајков