12 возачи лишени од слобода за безобѕирно управување, меѓу нив и двајца малолетници
По целосното документирање на случаите, против возачите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата, полициски службеници лишиле од слобода 12 возачи поради „безобѕирно управување со возило“.
Од нив, 10 возачи управувале возило без возачка дозвола, меѓу кои и двајца малолетници. Еден возач бил затекнат како управува возило под дејство на алкохол, додека друг возел и покрај активната забрана за управување.
По целосното документирање на случаите, против возачите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не управуваат возило без положен возачки испит, под дејство на алкохол или доколку им е изречена забрана за управување.
Од Министерството посочуваат дека со одговорно однесување сите учесници во сообраќајот можат да придонесат за поголема безбедност на патиштата.
