Македонија

Отворен Центар за дневен престој на стари лица во Гевгелија

26.08.2026 19:11

Центарот е воспоставен преку Проектот за подобрување на социјалните услуги на Министерството за социјална политика, демографија и млади, а услугата ќе ја обезбедува Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Гевгелија.

Во Гевгелија е отворен Центар за дневен престој на стари лица со активно стареење, кој ќе обезбедува социјална поддршка, дружење и различни активности за лица над 65 години. Центарот има капацитет за 50 корисници и ќе работи пет дена во неделата.

Центарот е воспоставен преку Проектот за подобрување на социјалните услуги на Министерството за социјална политика, демографија и млади, а услугата ќе ја обезбедува Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Гевгелија.

На отворањето присуствуваа министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, и генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити.

Центарот е наменет особено за лица кои живеат сами или со брачен партнер, се изложени на ризик од осаменост и социјална изолација или имаат потреба од дневна поддршка, дружење и активен начин на живот.

Во него ќе се организираат социјални, културни, едукативни, креативни, рекреативни и здравствено-превентивни активности, согласно потребите и интересите на корисниците.

„Нашата цел е социјалните услуги да бидат што поблиску до граѓаните и да создадеме услови секој човек, без оглед на возраста, да има можност за достоинствен, активен и квалитетен живот“, истакна министерот Велковски.

Центарот располага со опремен простор за дружење, одмор и групни активности, целосно опремена кујна и услови за безбедно движење на корисниците.