Питела: Политичката битка треба да биде во Парламентот!

29.09.2014 16:28

Новиот шеф на Групата на социјалистите и демократите во Европскиот парламент смета дека Унијата треба да се проширува внимателно и заслужено...

Откако Жан-Клод Јункер рече дека во наредните пет години нема да има проширување на Европската Унија, Џани Питела, новиот шеф на Групата на европските социјалисти и демократи во Европскиот парламент, потврди дека ЕУ нема да се проширува во наредните пет години.

„Ја потврдувам одлуката дека во наредните пет години да нема проширување на Европската Унија. Ние треба најпрво да ги ппдолабочиме правилата за функцинирање на сегашната Европска Унија“, рече Питела.

Италијанскиот европратеник притоа дава објаснување зошто во наредните пет години нема да има проширување, но и покрај ова земјите кандидати можат да напредуваат.

„Не е можно да се продолжи да се проширува Европската Унија на хипертрофски начин, без притоа да се има подобрување на начинот на владеењето на Европската Унија. Го потврдувам она што го рече претседателот Јункер. Тоа не значи дека ќе има можност да се напредува по различни прашања. Има досиеа кои ќе треба да бидат затворени пред да се предвиди членство на една земја. Пет години се доволни за да започнат преговорите.“

Околу земјите од Балканот, Питела беше многу појасен:

„За земјите од Балканот можам да кажам дека тие се наши фаворити за членство во Европската Унија.“

Притоа тој одговарајќи за за бојкотот на опозицијата на албанскиот парламент од страна на опозицијата, Питела го повтори она што Социјалистичката група ни го одговори и нас во однос на бојкотот на македонскиот парламент од опзоицијата.

„Ние сме против повлекувањето од Парламентот. Не треба да се биде отсустен од Парламентот, Политичката битка треба да биде во Парламентот. Не треба да се повлекува во суперизлоација. Потребно е конструктивно однесување, ваквото  однесување е негативно за сите европски перспективи.“

 

Тони Гламчевски