Култура

„Хоризонт на светлината“ – самостојна изложба на Марк Јанура во КИЦ

26.08.2026 20:50

Јанура во своето творештво ја поврзува традицијата со современите визуелни изрази, а неговиот опус опфаќа графика, мозаик, визуелна комуникација и дигитален дизајн.

Во изложбениот салон „Империјал 2“ при Културно-информативниот центар во Скопје отворена е самостојната изложба „Хоризонт на светлината“ на уметникот и дизајнер Марк Јанура.

Јанура во своето творештво ја поврзува традицијата со современите визуелни изрази, а неговиот опус опфаќа графика, мозаик, визуелна комуникација и дигитален дизајн.

Неговите дела, претставувани во земјава и во странство, се препознатливи по истражувањето на структурата и бојата, создавајќи динамични, интимни и концептуални визуелни целини.

Изложбата „Хоризонт на светлината“ ќе биде отворена за посетителите до 7 септември. Влезот е слободен.