ЦУК

Продолжува борбата со пожарите на неколку локации

27.08.2026 08:51

Високите температури и натаму ја зголемуваат опасноста од пожари на отворен простор. Бројот на интервенции и натаму висок. На одредени локации е постигнат значителен напредок.

Според Центарот за управување со кризи на територијата на Македонија во изминатово деноноќие регистрирани се 19 пожари. Од нив 5 се активни, 3 се под контрола и 11 се изгаснати.

Високите температури и натаму ја зголемуваат опасноста од пожари на отворен простор. Бројот на интервенции и натаму висок. На одредени локации е постигнат значителен напредок.

Според директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов повеќето пожари настанале ненамерно, поради невнимание и небрежност, но постојат индиции и за намерно предизвикување на дел од огнените стихии.