Расте продажбата на станови!
Градежниците се задоволни од продажбата, сметаат дека продолжувањето на рокот за проектот „Купи куќа, купи стан“ е шанса за дом, а цената од 900 евра е реална...

Се зголемува понудата на нови станови, најголемиот дел во Скопје. Градежниците се задоволни од продажбата, сметаат дека продолжувањето на рокот за проектот „Купи куќа, купи стан“ е шанса за дом, а цената од 900 евра е реална. Од Акционерското друштво за станбен и деловен простор велат дека 80 проценти од становите се продадени но има уште слободни на неколку локации кои што можат да се вклучат во проектот. Цената се движи од 795 евра до 860 за метар квадратен.
„Изградени се околу 600 станови од кои 80% се продадени. Остануваат уште мала залиха која во следниот период ќе ја продадеме. Се надевам дека со новите поволности на проектот на Владата на РМ, Купи куќа, купи стан, и намалувањето на каматните стапки ќе се зголеми интересот на граѓаните“, вели директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор, Цветко Грозданов.
И приватните градежници тријат раце од зголемената продажба. Дел од нив сметаат дека проектот „Купи куќа, купи стан“ е издржан и овозможува финансиски обрт што има позитивни економски влијанија. Оваа компанија од почетокот на годинава продала 245 стана од кои 40 преку овој проект.
„Не радува што во проекто целосно се вклопивме и досега имаме преодадено над 40 станови во квалитетни станбени единици“, вели сопственикот на градежна фирма, Ванчо Чифлиганец.
Според податоците лани биле изградени над 6.000 станови, а само во јули годинава се издадени одобренија за радба на 314 станови. Преку проектот „Купи куќа, купи стан“ 331 семејство го решиле станбеното прашање користејќи еден од двата модела половина рата или половина учество. Се намалија и каматините стапки, 3,95 проценти за првите три години и 4,44 проценти за четвртата и петтата година се меѓу најниските на пазарот.
Добра понуда, но уште подобра побраувачка на стнаови. Градежниците се задоволни, велат, најлесно се продаваат помалите станови до 50 квадрати.
Дијана Ценевска
